Јутјубер сакаше да го испровоцира синот на Роналдо – му кажа дека Јамал е подобар од неговиот татко (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Кристијано Јуниор е на почетоците од својата кариера, а нема дилеми дека би бил и тоа како успешен ако посигне барем дел од успехот на неговиот татко.

Сега младиот Роналдо беше гостин кај еден стример кој се обиде во еден момент веројатно да го испровоцира.

Имено, домаќинот пред синот на Роналдо констатираше дека Ламин Јамал е подобар фудбалер од неговиот татко.

Но, Кристијано Јуниор добро знаеше како да му одговори.

„Моментално? Можеби да. Но, Ламин сè уште ништо нема освоено“, искоментира младиот Роналдо.

Според коментарите на социјалните мрежи синот на Португалецот имал одличен одговор и само ја истакнал реалноста објаснувајќи дека пред Јамал има уште многу години во кои треба да биде на највисоко ниво за да го достигне Роналдо, а всушност долготрајноста е и најголемиот предизвик.

„Јамал е фантастичен и има блескав старт на кариерата, но татко ми е веќе икона. Треба време за да се зборува за вистински успех“, дополни синот на Роналдо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×