106
Баерн Минхен остана без тренер откако клубот одлучи да се раздели со Карло Анчелоти по неубедливиот почеток на новата сезона.
Отказот на Анчелоти и не беше некое големо изненадување, но медиумите во Германија најавуваат сензационално враќање на 72 годишниот Јуп Хајнкес на клупата на Баерн.
Ова ќе биде четврти пат како Хајнкес седнува на клупата на Баерн Минхен. Сезоната која сите Баварци ја паметат беше во 2013 година кога на клубот му ја донесе тројната круна, титула во Бундеслигата, Купот на Германија и Лигата на шампионите.
По таа сезона Јуп Хајнкес соопшти дека ја завршува тренерската кариера, но очигледно искусниот тренер се предомислил.