Медиумите од „островото“ пишуваат дека Манчестер јунајтед во јануари сака да го врати Џејмс Гарнер од Евертон, а потоа летоска да тргне по потписот на Елиот Андерсон од Нотингем Форест.
Рубен Аморим сака засилување за средниот ред и големи се шансите „ѓаволите“ во јануари да донесат ваков профил поради сериите повреди, во моментов само Касемиро и Угарте се искусни играчи за врска кои му се на располагање на тренерот.
Како што пренесува Дејли Мејл, „ѓаволите“ сакаат да го донесат Џејмс Гарнер од Евертон за евтини пари.
Тој е под договор со „карамелите“ до јуни 2026, па Манчестер јунајтед сака да го искористи ова и да го врати Џејмс Гарнер во своите редови без да одвои голема сума.
Клубот од Олд Трафорд потоа летоска ќе бркне длабоко во џебот и со 100 милиони ќе тргне по топ засилување за средниот ред – приоритет е Елиот Андерсон од Нотингем Форест.
ФОТО: X/Everton