Избраниците на Жозе Мурињо се намачија за да слават во дуелот со новајлијата Брајтон. На Олд Трафорд, Манчестер јунајтед стигна до минимална победа од 1-0 и тоа благодарејќи на автогол на гостите.
По еден корнер од десната страна, Ешли Јанг упати удар од врвот на шеснаесетникот, топката го закачи Данк и заврши зад грбот на голманот.
На Вембли, Тотенхем киксна во дуелот со ВБА и одигра само 1-1.
Гостите уште на стартот го изненадија фаворитот и преку Рондон во 4. минута стигнаа до 0-1.
„Спарси“ долго време се обидуваа да стигнат до изедначување и тоа им појде од рака во 74. минута кога Кејн погоди за 1-1. Избраниците на Покетино до крајот на средбата фрлија се на една карта, но не успеаја да постигнат нов гол кој ќе им донесеше три бода.