323
Манчестер Јунајтед очајнички бара нов голман по уште една слаба сезона на Андре Онана, а како идеално решение на „Олд Трафорд“ го гледаат Емилијано Мартинез.
„Црвените ѓаволи“ веќе стапиле во контакт со Астон Вила и испратиле понуда за позајмица, но одговорот од Бирмингем бил експресно негативен.
Астон Вила нема намера да го пушти Аргентинецот, иако постои желба кај самиот играч да направи трансфер. Мартинез има уште четири години во договорот, што значи дека судбината му е целосно во рацете на клубот.
Онана прими дури 65 голови на 50 натпревари минатата сезона, а само 11 пати успеа да ја сочува мрежата недопрена, па не е изненадување што Манчестер Јунајтед бара алтернатива под гредите.