„Ѓаволите“ одржале средби со дури шест кандидати за наследник на Ерик тен Хаг, со Томас Франк од Брентфорд дури разговарале на денот на финалето во ФА Купот, кое Манчестер јунајтед го доби со 2-1 против Манчестер Сити.
По многу шпекулации за иднината на Ерик тен Хаг и најави за отказ, доцна синоќа беше објавено дека Манчестер јунајтед решил и следната сезона да продолжи со стратегот од Холандија.
Раководството на клубот разгледувало неколку опции и како што пренесуваат медиумите, Манчестер јунајтед разговарал со дури шест кандидати – Киран МекКена, Роберто Де Зерби, Томас Франк, Марко Силва, Маурисио Покетино и Томас Тухел.
Телеграф објави дека разговорите со Томас Франк биле водени на денот на финалето во ФА Купот, кое Манчестер јунајтед го доби со 2-1 против Манчестер Сити.
Атлетик пак пишува дека дена пред натпреварот на Вембли, „ѓаволите“ седнале на состанок со Марко Силва.