Јунајтед преку Дерби до четвртфиналето од ФА Купот, два гола на Игало (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Според првичниот впечаток на Манчестер јунајтед му се погодија новите засилување, Фернандеш и Игало, денеска блескаше напаѓачот.

Вејн Руни играше против својот поранешен клуб, имаше два прекрасни обиди од слободен удар, но Ромеро беше победник и во двата наврати.

Манчестер јунајтед дојде во водство во 33. минута со убав гол на Лук Шо. Само осум минути подоцна Игало зголеми на 2-0.

Во 70. минута Игало постигна уште еден гол и го постави конечниот резултат од 3-0 за Манчестер јунајтед.

Во четвртфиналето Манчестер јунајтед ќе му гостува на Норич кој го изненади Тотнем.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×