91
Жозе Мурињо рече дека ќе проба да игра заедно со Ромелу Лукаку и Маркус Рашфорд во првата постава, тоа го направи на дуелот со Манчестер Сити и не погреши, токму тие ја донесоа победата над градскиот ривал.
Навивачите во САД можеа да видат интересен дуел со шанси од двете екипи и победа на Манчестер јунајтед.
Резултатот го отвори Ромелу Лукаку во 37. минута кога со глава го надмудри истрчаниот Едерсон а потоа прецизно биеше во неговата празна мрежа.
Само две минути подоцна Рашфорд ги постави конечните 2-0.