Минатото лето од Манчестер јунајтед заминаа голем број фудбалери, а според најавите клубот донел одлука да се ослободи уште од двајца фудбалери во јануари.
Коби Мејно беше поврзуван со заминување ова лето се споменуваше позајмица и трансфер, но на крајот остана, но сезонава не се наметна. Поради тоа го изгуби и местото во англиската репрезентација, па прашање е дали ќе добие повик за Мундијалот наредната година.
Според информациите италијански Наполи покажал интеерес да го доведе.
Слична е ситуацијата и со Зиркзе кој има ограничена минутажа во Манчестер јунајтед, помалку настапи од него имаат само Ајден Хевен и Тајлер Фредриксон. Холанѓанецот исто така очекува да биде втора опција зад Шешко, но не настапи на четири од последните седум лигашки натпревари.
Интересно е што и него го следи Наполи кој веќе ги доведе Хојлунд и Мектоминеј од Манчестер јунајтед и тие трансфери се покажаа како добри за клубот од „Олд Трафорд“.