48
Манчестер Јунајтед вечерва го пречекува Борнмут во натпревар од Премиер лигата, а навивачот кој вети дека нема да се шиша додека тимот не врзе пет лигашки победи, се надева на триумф.
Тој објави ново видео од кое може да се види дека веќе не може да гледа од косата.
Манчестер Јунајтед во претходното коло славеше на Вулвс, а доколку го победи и Борнмут ќе врзе два триумфи по ред.
Следните три натпревари ќе бидат гостување кај Астон Вила, па Њукасл и Вулвс на Олд Трафорд.
Ќе биде исклучително тешко да се врзат пет победи по ред, особено на гостувањето кај Астон Вила која победува на шест меча по ред.