Јунајтед немаше сили со 12 сениори, Тотнем слави во дербито во ПЛ! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Екипата на Тотнем славеше во дербито против Манчестер Јунајтед (1-0) во рамките на 25. коло на Премиер лигата.

„Петлите“ го совладаа ривалот кој со доста проблеми стигна во Лондон. Рубен Аморим имаше главоболки, отсуствуваа Диало, Еванс, Маино, Мартинез, Маунт, Шо, Угарте и Бајиндир, па поради тоа португалскиот тренер направи само една измена на цел меч. Од првиот тим во ротацијата беше само Виктор Линделоф и сите останати беа младинци.

Џејмс Медисон беше човек на одлука во дербито на „Тотнем Хотспур стадион“. Англискиот офанзивец го отвори резултатот со гол во 13. минута од мечот за 1-0. Во продолжението момците на Постекоглу играа полесно и го бранеа стекнатото водство.

Немаше сили Манчестер Јунајтед без измени, во игра само во вториот дел влезе младиот Оби во последните минути, а тоа се одрази на играта и резултатот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×