Англичанецот е
пред враќање на Гудисон Парк, се говори дека „Карамелите“ ќе го добијат Вејн
Руни гратис како дел од трансферот на Ромелу Лукаку на Олд Трафорд.
Но покрај тоа што
Манчестер јунајтед ќе го пушти напаѓачот за без пари, „Црвените Ѓаволи“ се
подготвени да направат ново финансиско жртвување за зделката да се реализира.
Евертон не може
да си ја дозовли плтата на Вејн Руни, кој на Олд Трафорд заработува околу
250.000 фунти неделно, бројка која со сите бонуси се искучува и над 300.000
фунти.
Тој е подготвен
да прифати помала плата и да се задоволи со примања од околу 150.000 фунти, но
откако претходно ќе добие десетици милиони фунти од Манчестер јунајтед.
Се говори дека
„Црвените Ѓаволи“ на Вејн Руни ќе му ја исплатат последната година од
договорот, а сумата може да стигне и до 15 милиони фунти.