Jунајтед има нова желба: Аморим може да добие големо засилување за 20 милиони фунти!

by Стефан
1 минути читање

Рубен Невеш кој некогаш го носеше дресот на Вулверхемптон би можел да се врати во европскиот фудбал.

Договорот со Ал-Хилал му истекува на лето и засега нема намера да го продолжи, а тоа отвора можност некој од заинтересираните клубови да го ангажира уште во јануарскиот преоден рок за сума од околу 20 милиони фунти.

Со евентуална продажба, Ал-Хилал би инкасирал значителни средства, имајќи предвид дека за шест месеци би останал без никаква отштета за овој фудбалер.

Веќе се појавија и клубови кои би можеле да го доведат, а најмногу се споменува Манчестер јунајтед. Иднината на Каземиро, Коби Мејну и Мануел Угарте на „Олд Трафорд“ е неизвесна, па сосема логично е раководството да размислува за ново решение во средниот ред.

Невеш, кој има 29 години нема дилеми дека би бил сериозно заасилување за било кој клуб во Премиер лигата. Покрај Јунајтед, како опција се споменуваше и Њукасл.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×