Јунајтед има нова трансфер цел: Тен Хаг носи екс-играч на Ајакс за Антони конечно да почне да игра на високо ниво

by bojan
1 минути читање
Тен Хаг и Антони

Манчестер јунајтед се распрашува за трансфер на Нусаир Мазрауи од Баерн Минхен, Ерик тен Хаг верува дека Мароканецот ќе може да му помогне да го извади најдоброто од Антони.

„Ѓаволите“ сакаат ова лето да ангажираат нов десен бек и една од желбите е Нусаир Мазрауи од Баерн Минхен.

„Баварците“ се отворени за продажба доколку добијат понуда од околу 20 милиони фунти (околу 24 милиони евра)

Но пред Манчестер јунајтед сериозно да седне на преговори, мора да го продаде Арон ван Бисака.

За транфсер на Нусаир Мазрауи притиска Ерик тен Хаг, двајцата заедно соработуваа во Ајакс, и стратегот верува дека Мароканецот ќе може да му помогне да го извади најдоброто од Антони, кој не ги оправдува парите (100 милиони евра) кои беа инвестирани во него.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани