Јунајтед и официјално го промовираше Карик: Знам што е потребно за успех!

by riste
1 минути читање

Манчестер Јунајтед и официјално потврди дека Мајкл Карик е новиот тренер и тој ќе го води тимот до крајот на сезоната, легендарниот фудбалер ја даде и првата изјава во новата улога.

Мајкл Керик од утре ги почнува обврските како нов тренер на Манчестер Јунајтед, а на оваа позиција ќе биде најмалку до крајот на сезоната до кога му е потпишан и договорот.

Клубот го потврди тоа, а тој ја даде и првата изјава.

„Чест ми е што ја имам одговорноста да го водам Манчестер Јунајтед. Знам што треба за да се успее тука, мојот фокус е да им помогнам на фудбалерите да ги достигнат стандардите кои ги очекуваме во овој неверојатен клуб, а ние сме свесни дека оваа група е повеќе од способна за тоа да го направи. Веќе имам работено со дел од овие фудбалери и продолжив да го следам тимот во изминатите години, имам комплетна доверба во нивниот талент и посветеност и можност да успеат тука. Има уште многу борба оваа сезона, подготвени сме да ги сплотиме сите и да им дадеме на фановите перформанси кои ги заслужуваат“, изјави Карик.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×