Јунајтед го растури Сити во големото дерби на Манчестер (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Манчестер Јунајтед со 2-0 го победи Манчестер Сити во градското дерби кое се играше во рамките на колото од Премиерлигата, одличен влез на Мајкл Карик како тренер на црвените ѓаволи.

Манчестер Сити влезе како фаворит во денешниот меч, но Манчестер Јунајтед создаде многу повеќе и заслужи дури и повисока победа.

Манчестер Јунајтед покрај двата гола, имаше уште и три поништени гола и две стативи, за разлика од Сити кој немаше ниту една сериозна шанса.

Резултатот беше отворен во 65. минута кога Мбуемо даде гол по една асистенција на Бруно Фернандеш.

Десет минути подоцна гол даде ги Доргу по додавање од Куња.

Игра и резултат кои ветуваат подобри денови за Манчестер Јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×