Јунајтед го продаде Бруно Фернандеш за 100 милиони фунти!?

by riste
1 минути читање

Утринава се појави шпекулација дека Манчестер јунајтед прифатил понуда за Бруно Фернандеш во висина од 100 милиони фунти од клуб од Саудиска Арабија.

Неофицијално, тој е продаден за 100 милиони фунти, но никој не го спомнува името на неговиот нов клуб. Тоа не е прв ваков случај бидејќи сите саудиски суперлигаши се во сопственост на државата, односно фондот ПИФ кој ги финансира трансферите. Навоодно, останува уште фудбалерот да ги договори личните услови и од лето да се пресели на Блискиот исток.

Некои информации велат дека неделната плата на Португалецот ќе биде 800.000 фунти, понуда која тешко може да ја одбие.

Останува да се види дали оваа шпекулации се вистинити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×