Челси подолго време се поврзува со Лукаку, но последните информации велат дека големи се шансите Манчестер јунајтед да дојде до неговиот потпис.
Вејн Руни и Евертон синоќа ги почнаа преговорите за негово враќање на Гудисон Парк, а Манчестер јунајтед ќе се обиде да го искористи интересот на „карамелите“ и да го добие Лукаку пред Челси.
Лукаку се вреднува на околу 100 милиони фунти, а предноста на Јунајтед во однос на Челси е само тоа што го имаат Вејн Руни.
Мурињо не е задоволен од активноста на Јунајтед во летниот преоден рок, бара побрзо да му се донесат новите засилувања, па се очекува до крајот на неделава да се реализира барем еден мега трансфер на Олд Трафорд.
Португалецот работеше со Лукаку во Челси, но тогаш не му ја даде минутажата на белгискиот напаѓач која тој ја сакаше, по што се случи преминот во Евертон.