Јовиќ и се одмаздува на Барса, си подал рака со Реал и договорил трансфер на Бернабеу?!

by
1 минути читање

Лука Јовиќ се
споменуваше како наследник на Луис Суарез на Камп Ноу, скаути и директори на Барселона
често ги следеа игрите на младиот напаѓач оваа сезона. Сепак, последните
информации велат дека Реал Мадрид ја добива битката за талентираниот Србин.

„Дон Диарио“ вели
дека „кралевите“ веќе го договориле трансферот и само се чека официјална потврда.
Реал Мадрид на Ајнтрахт ќе му плати 50 милиони евра плус додатни 10 милиони
евра во бонуси. Лука Јовиќ ќе
стави потпис на шест годишен договор и ќе има плата помеѓу 4 и 5 милиони евра
по сезона.

Србинот со еден
ваков потег и се одмаздува на Барселона за тоа што „каталонците“ решиле да се
откажат од него и да го насочат фокусот кон Антоан Гризман, кој повторно е на
агендата на клубот од Камп Ноу.

Попладнево од Шпанија пристигна информација дека напаѓачот на Атлетико
веќе кажал ДА на Барса, поточно неговите агенти ги известиле лидерите на Барса
дека фудбалерот ја прифаќа понудата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×