481
И сезоната да продолжи во Шпанија, Реал Мадрид се чини нема да може да смета на Лука Јовиќ на неколку натпревари.
Утринава Јовиќ непријатно ги изненадил луѓето во Реал Мадрид откако докторите откриле дека има скршеница на стапалото.
Скршеницата била изненадување за сите бидејќи тој во средата бил присутен на тестирањето за Ковид-19. Но откако се пожалил на болки во ногата му биле направени тестови по кои било заклучено дека има скршеница.
Според „АС“, Јовиќ повредата ја заработил дома.
Србинот ќе паузира околу 2 месеци, а тоа значи дека првиот натпревар ќе го одигра во текот на јули.