Јовчевски го направи киксот на сезоната во ПМФЛ, Пелистер избегна пораз на дербито во Битола (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Без победник заврши дербито од долниот дел на табелата кое во Битола денеска го играа Пелистер и Македонија Ѓорче Петров (1-1).

Натпреварот двете екипи го дочекаа во тешка позиција, битолчани на 10-тата позиција, а „лавовите“ на деветтата. Сепак, благи фаворити пред дуелот беа домаќините бидејќи за првпат сезонава врзаа две победи, додека гостите од Ѓорче во дуелот влегоа со три порази во серија.

Сепак, на теренот „лавовите“ стигнаа до водство преку Пецов во 17-тата минута и тоа беше гол по еден аматерски кикс на голманот Јовчевски.

Тоа беше и единствениот гол во првиот дел. Домаќините успеаа да дојдат до гол по нешто повеќе од еден час игра кога погоди Булатовиќ

Возбудувања донесе и финишот каде што видовме поништен пенал за Пелистер и поништен гол за Македонија Ѓорче Петров, во двете ситуации се одлучуваше по ВАР проверка, па така дуелот заврши без победник.

Standings provided by Sofascore

Можно е и ова да ти се допаѓа

×