Јован Манев: Ова се тешки денови, ќе играме за сите погодени од трагедијата – никогаш нема да бидат заборавени!

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Македонија се подготвуваат за двата натпревари против Лихтенштајн и Велс со кои ќе ги стартуваме квалификациите за Светското првенство, а атмосферата на овој собир е поинаква од претходните.

Како и во целата земја, така и помеѓу репрезентативците преовладува тагата за загубата на младите животи во трагедијата во Кочани.

Дефанзивецот Јован Манев истакна дека ќе излезат на терен и ќе играат во чест на сите настрадани.

„Ова се многу тешки денови за мене и за сите нас, изгубив, изгубивме сите блиски пријатели, но знам дека тие би сакале да бидеме овде и да се бориме за нашата земја и за репрезентацијата. Ќе ни недостасуваат засекогаш и никогаш нема да бидат заборавени. Затоа ако ми се укаже шанса, како и моите колеги ќе го дадаме максимот во нивна чест. Ова е шанса да покажеме карактер и сплотеност и да постигнеме резултати, пред се за настраданите“, изјави Манев.

Македонија на 22 март ќе гостува во Вадуц против Лихтенштајн во првото коло, додека три дена подоцна на домашен терен ќе го пречекаме Велс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани