Јован Манев ја продолжува кариерата во Нови Пазар!

by 24 фудбал
0 минути читање

Јован Манев и официјално е нов фудбалер на Нови Пазар. Македонскиот репрезентативец ја прифати понудата од српскиот суперлигаш и следната сезона ќе настапува во шампионатот на Србија.

Манев пролетоска играше за Ријека со која успеа да ги освои и првенството и Купот на Хрватска. Според информациите, станува збор за позајмица со право на откуп, а Манев се одлучи за ваков чекор во потрага по поголема минутажа.

Нови Пазар летово играше во квалификациите за Конференциската лига, но беше елиминиран.

Ова ќе биде шести клуб во кариерата за македонскиот дефанзивец кој претходно настапуваше за Ријека, Адана Демирспор, Осијек, Брегалница и Осогово.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×