45
Брегалница се пофали дека потпишала договор со 30-годишниот Јорданчо Наумоски кој во штипскиот клуб доаѓа од Пелистер.
Наумоски ќе ја засили Брегалница за вториот дел од сезоната во кој штипјани бркаат влез во Првата лига.
„Јорданчо Наумоски од денес е плаво-бел!
Наумоски во пролетниот дел ќе биде дел од ФК Брегалница. Доаѓа како засилување во средниот ред. Има 30 години, кариерата ја започна во ФК 11.Октомври во Прилеп, потоа настапуваше во Данска, во подмладокот на Брондби. Уште има настапувано за Металург, Победа, Тиквеш, а во нашиот клуб доаѓа од битолски Пелистер.
Добредојде Јоце и многу успех во плаво-белиот дрес!“, стои во соопштението на ФК Брегалница.