Јирген Клоп излезе со коментар за гласините кои го поврзуваат со тренерското столче на Реал Мадрид, вели дека во моментов не е заинтересиран за клупата на „кралевите“.
По отказот на Чаби Алонсо, медиумите почнаа да шпекулираат кој ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид, и често се пишуваше дека Јирген Клоп е желбата на Флорентино Перез.
Поранешниот предводник на Ливерпул сега излезе со свое видување за целата ситуација и порача дека во моментов не е заинтересиран за клупата на „кралевите“.
Сепак, тој во исто време кажа дека никогаш не се вели никогаш, и не знае што ќе донесе иднината.
„Кога ја слушнав веста за Чаби Алонсо, имав амбивалентни чувства. Да, бев изненаден, но во исто време како и да ми беше очекувано ова“ – вели Германецот.
Запрашан дали е заинтересиран за работата на „Бернабеу“, тој вели: „Се наоѓам во период од животот кога сум целосно задоволен со својата ситуација. Не сакам да бидам на друго место“.
„Не се возбудив кога слушнав дека наводно Реал Мадрид е заинтересиран, ако и воопшто е така, на крајот тоа се само шпекулации“.
„Во моментов би рекол дека не сум заинтересиран за враќање на клупата, но знаете, никогаш не се вели никогаш. Не очекувам дека ќе го променам мислењето, но не се знае што доносе иднината“.
Јирген Клоп потоа испрати порака до Флорентино Перез: „Мојот совет е, кога му давате отказ на тренерот, треба да имате јасна идеја кој ќе биде неговиот наследник. И таа цел треба да биде реална. Ако мислат дека можат да го добијат Пеп Гвардиола, би рекол дека шансите се многу ниски“.