Јирген Клоп и приказната за Роки Балбоа

by
1 минути читање

Како тренер на Борусија Дортмунд во еден момент Клоп се одлучил своите играчи да ги мотивира со ликот и делото на Роки Балбоа и на тој начин да го крене адреналинот во екипата, но…

Тоа било пред натпревар против Баерн Минхен, по тој меч Клоп престанал да користи мотивациони методи.

„Роки Балбоа е голема инспирација за мене. Пред еден дуел со Баерн им раскажував на играчите за Иван Драгo Роки. Имав подготвено презентација, говор, ма се. Почнав полека да зборувам… бев многу мотивиран во таа приказна, а тогаш приметив дека моите играчи воопштео не реагираат“, вели Клоп и продолжува:

„Застанав и ги прашав: Знаете ли кој е Роки Балбоа?“, Останав тажен и разочаран кога се јавија само двајца“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×