152
Колумбиецот се
пресели на Камп Ноу во јануари за нешто помалку од 12 милиони евра. Иако не се
изнаигра премногу во дресот на „Каталонците“, со добрите настапи на Светското
првенство го привлече вниманието на неколку клубови, помеѓу кои и Манчестер
јунајтед.
И додека се
решава неговата иднина, Јери Мина открива интересна анегдота од соблекувалната
на Барселона.
„Кога пристигнав, за да креирам добра атмосфера, почнав да се кладам со Меси,
Суарез и Иниеста кој ќе може подобро да изведува слободни удари. На шала, на
смеа, секој ден им плаќав 50 евра. Тие ѕверови можат да погодат каде сакат, тие
се одлични личности и фудбалски магионичари“ – вели Колумбиецот.