Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека ќе организира забава доколку на Манчестер Сити му бидат одземени титули поради прекршување на правилата за Финансиски фер плеј.
„Граѓаните“ се обвинети дека дури 115 пати ги прекршиле правилата за ФФП, и доколку се докаже вина им се заканува голема казна – од одземање на бодови, па до префрлување во понизок ранг и одземање на титули.
Јирген Клоп со Ливерпул две сезони финишираа како втори зад Манчестер Сити, па Германецот беше запрашан како ќе реагира доколку биде изречена строга казна.
„Разговаравме за ова и кога заминав. Видете, не сум поминал многу време во Мајорка, па ако им бидат одземени титули, кој сака нека дојде кај мене во Мајорка, јас честам пиво! Ќе имаме мала парада кај мене во двор. Ох Господе… каков само наслов ви дадов. Ајде ќе видиме што ќе се случи“ – вели Германецот.