Јарни: Аргентинците сакаат да провоцираат и да играат грубо

by
2 минути читање

Хрватска има уште
еден одличен настап на мундијалите, откако во четвртфиналето го совладаа фаворизираниот
Бразил, денеска ги чека дуел против Лео Меси и Аргентина и борба за ново
финале.

„За Аргентинците
можам да кажам дека обожаваат да провоцираат“
– вели поранешниот хрватски
репрезентативец Роберт Јарни во разговор со АС.

„Провоцираат со
намера противникот да биде исклучен. Во нивното домашно првенство се игра цврст
фудбал, со многу силни дуели и стартови. Тоа е нивниот стил, нашиот е
поразличен. Се надевам дека нема да влеземе во нивната замка“.

Тој потоа додава:
„Вистина е дека тие го имаат Меси, но ние го имаме Модриќ, Ковачиќ и
останатите, кои се навистина добри. Исто така имаме и одличен тренер кој знае
како да постави извонреден план, како што беше на натпреварот против Бразил“.

„Треба да одиграме
смирено, брзо да ја движиме топката, што е можно повеќе да ја имаме во посед со
цел да го измориме противникот. Имаме и квалитетна клупа, се покажаа во одлично
светло кога влегоа во игра против Бразил“.

Запрашан за
најголемата опасност во составот на Аргентина, Јарни вели: „Сите знаеме што
може да направи Меси кога ќе добие топка на 20-30 метри од голот. Мора двајца
да го маркираат, тоа е јасно, доколку игра еден на еден, лесно ќе помине.
Доколку го притиснете на мал простор, ќе има помалку опции“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани