Јапонија џабе напаѓаше, Костарика еднаш шутна во голот и победи (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Германија ќе може малку полесно да дише во пресрет на пресметката со Шпанија откако Костарика ја совлада Јапонија со 0-1.

„Самураите“ беа подобар противник, напаѓаа постојано, упатија дури 14 удари, но сето тоа беше џабе. 

Костарика се бранеше и трпеливо ја чеаше својата шанса која им се укажа во 81. минута и единствениот удар во рамките на голот, заврши во мрежата.

По една грешка на дефанзивата на Јапонија, Фулер од работ на шеснаесетникот пласираше во аголот, голманот на Јапонија ја допре топката, но не спречи таа да заврши зад неговиот грб.

Јапонија во финишот се обиде барем да стигне до бод, но Кејлор Навас ја сочува својата мрежа и Костарика се радуваше на три бода.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани