Екипаата на Тотнем спореед последните информации, покажала интерес за Јапонецот од редовите на Реал Сосиедад, Такефуша Кубо, пренесува шпански „Ас“.
Јапонецот, чија откупна клаузула изнесува 60 милиони евра, наводно е високо на листата желби на лондоснкиот клуб. Иако финансиските барања не се проблем за „спарси“, засега нема најава дека е подготвена конкретна понуда.
За репрезентативецот на Јапонија интерес покажале и Арсенал и Атлетико Мадрид, но „јорганџиите“ не се подготвени да ја активираат клаузулата. Тимот од Лондон, покрај Кубо, внимателно го следи и Магнес Аклиуш од Монако, затоа што тренерот Томас Франк инсистира на доведување вистинска замена за Сон.
Дополнително, клубот наводно сака фудбалер кој би донел и комерцијален ефект на азискиот пазар, а Кубо совршено се вклопува во тие планови.
Јапонецот помина четири години во младинската школа на Барселона, а во професионалната кариера беше дел и од Реал Мадрид, но вистинска шанса не доби ниту во еден од двата шпански гиганти.