Јапонецот кој ја почна кариерата во 1986 година не размислува за повлекување: Зборот пензија не е во мојот речник!

by 24 фудбал
1 минути читање

Јапонската фудбалска икона Казујоши Миура, познат како „Кралот Казу“, запиша нова страница во својата неверојатна кариера на 58-годишна возраст го одигра првиот натпревар во својата 40-та професионална сезона.

Миура влезе како замена во победата на Атлетико Сузука со 2-1 над Јокохама во четвртата јапонска лига, враќајќи се на теренот по неколкумесечна пауза поради повреда на ногата. Легендата, која ја започна кариерата уште во 1986 година во дресот на бразилски Сантос, не размислува за крај, напротив – најавува нови настапи.

Сакам повторно да играм и да го покажам својот карактер. Благодарен сум на сите што ме поддржаа. Сега сакам да го забрзам ритамот“, изјави Миура.

Во април, за FIFA.com, истакна дека пензијата никогаш не била опција:
Кога имав 35 или 40 години, си велев дека не можам вака повеќе. Но, наместо да се откажам, се туркав себеси да дадам повеќе. Зборот пензионирање не постои во мојот речник.

Со 89 настапи и 55 гола за Јапонија, Миура останува првата вистинска фудбалска ѕвезда на својата земја – а очигледно и најдолговечна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×