Јанкулов: Потписот со Вардар – најголемиот клуб во Македонија е мотив!

by 24 фудбал
1 минути читање

Екипата на Вардар во претходните денови промовира неколку нови засилувања за втората полусезона, а едно од нив е Георгије Јанкулов. Младиот бек пристигна од редовите на Брера Струмица и ќе се стави на располагање на тренерот Гоце Седлоски.

Јанкулов по потписот ги сподели првите импресии откако стана член на вардарци и кажа:

Чувството да се биде дел од најголемиот македонски клуб Вардар е прекрасно. Особено ме радува што ќе настапувам за клуб кој има огромна база навивачи и симпатизери. Тоа навистина многу ми значи и секогаш дава дополнителна мотивација кај сите фудбалери на теренот. Можам само да ветам дека на секој меч ќе давам свој максимум, дека ќе ги оправдам очекувањата и со поддршка од трибините ќе успееме да обезбедиме опстанок. Секако, сакаме да се избориме и за уште една важна цел, освојување на Купот на Македонија“.

Освен Јанкулов во Вардар досега пристигнаа Михал Пантер од Шкупи и Михаил Маневски од редовите на Тиквеш.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани