Покрај тренерот Гоце Седлоски пред медиумите по триумфот на Вардар над Ла Фиорита зборуваше и фудбалерот Георгие Јанкулов.
Јанкулов беше најзаслужен за вториот погодок на „црвено-црните“ кога Мазоти си ја погоди сопствената мрежа. Според него клучен момент бил голот за водство на стартот од вториот дел.
„Ова беше прв официјален натпревар сезонава и во првото полувреме игравме под грч, но кога постигнавме гол знаевме дека ќе биде полесно да победиме. Добро е што постигнавме брз гол во вториот дел, потоа следеа и уште два брзи гола. Многу е важно и што успеавме да ја зачуваме мрежата, одиме во реваншот да ја завршиме работата и да патуваме во следната рунда“.
За седум дена Вардар го очекува реваншот на гостински терен во кој се очекува македонскиот претставник да го потврди пласманот во следната рунда.