Јани Атанасов до крајот на сезоната во Пушча Нјеполомице

by 24 фудбал
0 минути читање

Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов смени клуб во Полска.

25-годишникот повеќе не е член на Краковија и кариерата ја продолжува во редовите на Пушча Нјеполомице. Станува збор за позајмица до крајот на сезоната, а актуелниот договор со Краковија му истекува следниот јуни.

Во кариерата Атанасов преку Академија Пандев направи трансфер во Бурсаспор во 2018 година, потоа следеше тригодишна авантура во Хајдук, а во јануари 2023 се пресели во Полска.

Во редовите на Пушча ќе го носи дресот со број шест.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×