Јаневски: Вардар му нудеше нов договор на Спировски, но тој сакаше да замине

by
1 минути читање

Стефан Спировски беше еден од клучните фудбалери на Вардар
во успешните квалификации. Уште на мечот со Зенит се виде дека средниот ред без
него ја нема потребната цврстина.

Пред реванш натпреварот со Фенербахче, Стефан кажа дека
сака да замине во Ференцварош. Јас побарав од раководството да го задржат и да
му понудат нов договор. Клубот го направи тоа, му понуди нов, побогат договор
на Спировски, но тој беше цврсто решен да замине
“ – вели Јаневски.

На негово место го ангажиравме Марковиќ, кој е квалитетен
фудбалер, но немаше подготовките и се уште не е доволно спремен. Го имаме и
Глигоров и Дарко Велковски
додаде
шефот на стручниот штаб на македонскиот првак
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани