Дојде и тој ден,
македонскиот првак Вардар ја почнува европската авантура вечерва со почеток од
21,05 часот, а прв противник во групата „Л“ за избраниците на Чеде Јаневски е
добро познатиот руски тим Зенит од Санкт Петерзбург.
Веќе се познати и
почетните состави на обете екипи за вечерашната пресметка која ќе се одигра на
„Националната Арена Филип Втори“ во Скопје.
Јаневски не се
откажува од својата формациска поставеност 4-2-3-1, а повторно во шпицот на
нападот ќе го гледаме Тигран Барсегјан, кому му оди одлично се чини на таа
позиција. На двете крилни офанзивни страни ќе играат Дејан Блажевски по левата,
односно Џамбул Џигаури по десната.
Во таборот на нашиот претставник ќе отсуствува дефанзивецот Новак кој поради повреда не е во можност за настап вечерва, неговото место ќе го заземе Брдаровски.
Вардар: Гачевски, Грнчаров, Џигаури, Блажевски,
Николов, Барсегјан, Велкоски, Глигоров, Хамбарѕумјан, Фелипе и Брдаровски.
Извор:
uefa.com
Фото: Кочо Сотировски (24фудбал, архива, Вардар
– Фенербахче)