Новиот тренер на Вардар, Чедомир Јаневски нема многу време пред двобојот со Фенербахче, но вели дека оправдување нема и верува дека неговиот тим може да направи историски резултат.
„Дојдов вчера и го одржав првиот тренинг, немав долго време да работам со тимот но не барам оправудвање. Прифатив да бидам тренер на овој тим и изговори нема, знам дел од фудбалерите, со некои сум работел, гледав неколку натпревари. Во живо го гледав мечот со Динамо во минатата сезона, нема многу разлики во составот од тогаш. Сакам да ги вметнам моите замисли, но не значи дека ќе има некои коренети промени на почетокот, направивме анализа и на противникот. Ова е уникатна можност на Вардар да испише историја и да се квалификува во групната фаза. потребна ни е умешност и мудрост за да се совлада овој силен тим на Фенербахче“ – вели Чеде Јаневски.
Натпреварот помеѓу Вардар и Фенербахче се игра утре (четврток) со почеток од 20 часот.