Јаневски: Подготвени сме да се надигруваме со Розенборг

by
1 минути читање

Вардар утре со почеток од 19 часот го игра вториот натпревар од Лига Европа. Тренерот Чеде Јаневски ги искажа своите очекувања за мечот.

„Имаме респект за нашиот противник, затоа што има огромно искуство со европски натпревари. Но, ние веруваме во нашиот квалитет и веруваме дека можеме да стигнеме до позитивен резултат. Не би сакал никого да издвојам од противничката екипа, бидејќи тие се добри како колектив. Ги гледавме неколку пати оваа сезона, направивме добра анализа. Подготвени сме да се надигруваме со противникот. Сите го знаеме Бендтнер кој што има играно во големи клубови, има многу вакви натпревари, но исто така Розенборг е екипа која што поседува одлични играчи во средината на теренот. Не можам да кажам дека сигурно ќе победиме, тоа е тешко да се каже особено на вакви натпревари, но дојдовме тука да одиграме добар натпревар, и се наевам дека тоа ќе ни донесе позитивен резултат. И ние и Розенборг имавме лош старт во групната фаза од Лигата на Европа, и сега на некој начин двата тима ги посакуваме првите бодови“, вели Јаневски.

Јаневски како помошник во Олимпијакос, во 2005 одигра 1-1 на гостување кај Розенборг.

„Се сеќавам на тој натпревар, одигравме 1:1. Од она што знам дека не е лесно да се игра тука. Станува збор за типично скандинавска екипа која што физички е добро подготвена. Одлични се во воздушните дуели. Ќе бидат тоа, навистина, тешки 90 минути“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани