Македонскиот
првак Вардар вечерва со почеток од 20 часот на домашен терен на „Телеком
Арената“ во Скопје го игра првиот меч со турскиот гигант Фенербахче, во рамките
на плејоф рундата од квалификациите за Лига Европа.
Веќе се познати и
почетните состави на обете екипи, а Вардар со новиот шеф на стручниот штаб,
Чедомир Јаневски ќе атакува на изненадување во пресметката со тимот од Истанбул.
„Црвено-црните“
пред двомечот со Фенербахче останаа без еден од своите најдобри поединци во
тимот, Џонатан Балотели, а Јаневски веќе ја пронајде замената за Бразилецот кој
претходно беше фудбалерот од кого најмногу се очекуваа голови во протовничките
мрежи, од причина што беше осамен во шпицот на нападот.
Новитет во играта
на нашиот првак ќе биде тоа што во шпицот на нападот сега ќе биде Барсегјан,
кој претходно играше како поддршка во позадина во офанзивната линија.
Вардар: Гачевски, Грнчаров, Спировски, Блажевски,
Којашевиќ, Барсегјан, Хамбарѕумјан, Николов, Новак, Демири и Фелипе (4-2-3-1).
Како за
потсетување, формациската поставеност на играта на Вардар, која претходно ја
практикуваше Гоце Седлоски гласеше 4-2-3-1, онаа која ја избра за вечерашната пресметка Јаневски, единствено во првиот меч со Малме
екс стратегот од клупата на македонскиот првак играше со 4-1-4-1.
Главен арбитар на
мечот во Скопје ќе биде Италијанецот Лука Банти.
Извор:
uefa.com
Фото-вест:
Кочо Сотировски (24фудбал)