Јаневски пикираше: Марковиќ од првата минута против Реал Сосиедад

by
3 минути читање

По трите порази во низа
и очајната гол разлика која е во длабока негатива, македонскиот првак Вардар
вечерва гостува кај шпанскиот прволигаш Реал Сосиедад во четвртото коло од
групата „Л“ во Лига Европа.

По убедливиот пораз од
0-6 против истиот противник, избраниците на Чеде Јаневски вечерва ќе се обидат
да го поправат впечатокот, како од претходниот, така од сите натпревари
генерално.

Мала промена направи
стратегот од клупата на црвено-црните, па во стартните 11 се најде Вања Марковиќ,
и тоа на местото на искусниот Никола Глигоров, а од првата минута против
шпанскиот прволигаш во шпицот на нападот повторно ќе стартува Итало.

ВардарГачевски, Грнчаров, Џигаури, Марковиќ, Николов,
Барсегјан, Хамбарѕумјан, Новак, Глишиќ, Итало и Фелипе.

Главен арбитар на мечот
во Шпанија кој стартува во терминот од 21,05 часот, ќе биде австриецот Роберт
Шоргенхофер.

Неколку податоци кои
осамнаа на сајтот на УЕФА околу вечерашната средба во Сан Себастијан
:

       Реал Сосиедад славеше на гости кај Вардар со 0-6

       Вардар и официјално ќе забележи елиминација при
евентуален пораз вечерва

       Нашиот претставник засега прими 14 гола во три натпревари

       Реал Сосиедад ги доби последните три натпревари на
домашен терен во европските натпреварувања

       Гостинските екипи на Аноета во европските натпреварувања
не постигнале гол цели 311 минути

 

Извор:
uefa.com

Фото-вест: 24фудбал (Вардар – Реал Сосиедад, Кочо Сотировски)

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани