Вардар со нов пораз во
Лига Европа, овој пат на гостувањето кај Реал Сосиедад во Сан Себастијан во
четвртото коло од второто по ранг европско клупско натпреварување.
Стратегот од клупата на
македонскиот првак, Чеде Јаневски видно разочаран, на пресконференцијата по
мечот ги сумираше грешките на неговиот состав кој прими три гола од своите
ривали вечерва.
„Сакам
да им честитам на Реал Сосиедад и на колегата. Денеска одигравме подобро од
Скопје, имавме добра организација особено до голот. Знаевме дека ќе имаат
контрола и ќе ја форсираат таа игра со многу додавања, но не беа така опасни
како во првиот меч“ издвои Јаневски.
„Првиот
гол го примивме недозволиво. За мене недозволиво е најмалиот играч на терен да
ни даде гол со глава. Имавме и играч до него кој што не реагира како треба, а
таквите грешки во Европа скапо се плаќаат. После тоа продолживме да играме,
очекувавме дека и ние еднаш ќе создадеме и ќе ги загрозиме. Потоа дојде вториот
гол, повторно задоцнивме, топката патува долго, и по втор пат како во Скопје,
ни дава гол нивен бек. И да не зборувам за третиот погодок, каде што имаме прво
наивен прекршок, иако топката не е во мирување“ додаде тој.
„Во
секој случај имавме желба, имаше напредок во играта, но тие ситници го
решија овој натпревар“ заврши Јаневски
во своето обраќање по мечот.