Вардар утре го очекува историска битка во Израел, нова можност да дојде до групната фаза во фудбалска Европа и да стане првиот клуб на кој тоа му успеало.
Македонскиот тим има убава предност од 2-0, но Фенербахче е тим со квалитетни индивидуалци и гласна публика.
„Натпреварот ќе го почнеме како да немаме никаква предност бидејќи јасно ни е за квалитетите на овој тим, кој е составен од поединци кои сами можат да го решат мечот. Тие ќе имаат голема поддршка од публиката, но ние треба да гледаме само како ние ќе одиграме. Има позитивна енергија и сакаме да направиме резултат кој ќе не однесе во групната фаза“ – вели Јаневски на прес конференцијата пред мечот.
„Резултатот не ни дава гаранција дека ќе одиме во групната фаза, ни дава една посебна енергија и сигурност за да одиграме организирано, тимски и само со таа идеја можеме да ја постигнеме нашата цел“.
„Грнчаров ќе недостасува, сакам да преспијам уште една вечер за да одлучам кој ќе биде неговата замина, но можам да ви кажам дека со 90% сигурност знам кој ќе биде тоа“.
На прес конференцијата беше и фудбалерот на Вардар, Дејан Блажевски.
„Свесни сме дека влегуваме со предност од 2-0, но знаеме дека не очекува многу тежок натпревар против силен противник. Наше е да ги исполниме задачите поставени од тренерот и ако го направиме тоа се надевам дека на крајот ќе се радуваме. Убаво би било да постигнеме гол на овој меч кој значително ќе ни ја олесни работата“ – вели Блажевски.