Јаневски: Дојдовме да го поправиме лошиот впечаток од првиот натпревар

by
1 минути читање

Вардар игра лошо во Лига Европа но и во домашното првенство. Црвено-црните се непрепознатливи во споредба со почетокот на сезоната, но и покрај тоа не излегуваат со бело знаме на „Аноета“.

„Сакаме на последните три меча од Лига Европа да се прикажеме во подобро светло. Пред нас е тежок натпревар, но се надеваме дека со позитивен пристап и желба ќе дојдеме до еден добар резултат“ – вели Чеде Јаневски.

„Јасно е дека сме во криза, но овие мечеви можат да имаат позитивно влијание. Нема да се предадеме, сакаме да го поправиме лошиот впечаток кој го оставивме на првиот натпревар против Реал Сосиедад“.

Натпреварот помеѓу Реал Сосиедад и Вардар се игра утре (четврток) со почеток од 21:05.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани