Ламин Јамал станува кошмар за Килијан Мбапе, двајцата шест пати се сретнаа и секогаш младиот шпански играч излегуваше како победник.
Од јули 2024 година па заклучно со вчерашниот натпревар, Ламин Јамал и Килијан Мбапе имаат вкупно шест меѓусебни мечеви, вклучително на клупско и репрезентативно ниво.
Серијата почна од полуфиналето на Европското првенство кога Шпанија победи со 2-1, а Јамал постигна еден погодок.
Следуваа четири клупски мечеви во кои четири пати Барселона го победуваше Реал Мадрид, па Мбапе пак излегуваше како поразен во дуелот со Јамал.
Ламин Јамал постигна голови на три од овие четири меча.
Последен дуел беше вчерашниот кога во епска пресметка Шпанија со 5-4 ја совлада Франција, Јамал даде два гола и беше прогласен за играч на натпреварот.