Јамал во Дубаи се сретна и со Ѓоковиќ кој имаше и една молба за него (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Младиот фудбалски бисер на Барселона, Ламин Јамал, ја искористи божиќната пауза во шпанската Ла Лига за краток одмор во Дубаи. Талентираниот офанзивец престојуваше во Обединетите Арапски Емирати, каде што беше и гостин на свечената церемонија за доделување на наградите „Глоуб Сокер“, на која се појавија бројни спортски ѕвезди.

Меѓу присутните беше и Новак Ѓоковиќ, кој ја доби престижната награда „Глоуб Спортс“, а српскиот тенисер имаше и кратка средба со младиот ас на Барселона.

При нивниот разговор, Ѓоковиќ го замолил Јамал за фотографија со неговиот син Стефан, истакнувајќи дека тој е голем фан на фудбалерот на каталонскиот гигант.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×