Jaмал вчера урна рекорд на Мбапе

by Стефан
1 минути читање

Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал продолжува да испишува историја во европскиот фудбал. Со погодокот постигнат синоќа, Jaмал постави нов рекорд и стана најефикасниот фудбалер во 21. век во рамки на „Топ 5“ европските лиги меѓу играчите под 19 години.

Јамал го постигна вториот гол во триумфот над Мајорка, со што дојде до бројката од 24 погодоци на 92 настапи во Ла Лига. Со тоа, талентираниот офанзивец го надмина досегашниот рекордер Килијан Мбапе, кој пред да наполни 19 години реализираше 23 погодоци во дресот на Пари Сен Жермен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×