Јамал со голот против Елче ги прескокна Марадона и Гризман

by Стефан
0 минути читање

Eкипата на Барселона вчера на гости славеше над Елче со 3-1, а овој натпревар имаше посебно значење за Ламин Јамал.

Тинејџерот на Барселона уште во шестата минута од натпреварот се запиша во листата на стрелци и со тој гол ги прескокна Антоан Гризман и Диего Марадона.

Имено, Французинот и легендарниот Аргентинец за Барселона постигнааа по 22 гола во Ла Лиа, а вчерашниот гол на Јамал беше 23-ти за него во шпанското првенство.

Во актуелната сезона во Ла Лига Јамал е на бројката од девет гола и осум асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×