Шпанската фудбалска репрезентација пред последните натпревари од квалификациите за Светското првенство остана без Ламин Јамал кој го напушти националниот камп поради повреда, а неговото заминување предизвика тензии меѓу клубот и Шпанската фудбалска федерација.
Селекторот Луис де ла Фуенте изјави дека Федерацијата не била известена за медицинската процедура на која бил подложен играчот.
Јамал беше ослободен од репрезентативните обврски во вторник наутро и нема да биде во комбинација за претстојните дуели со Грузија и Турција на 15 и 18 ноември. Крилниот офанзивец неодамна поминал радиофреквентна терапија за третман на проблемите со препоните, поради што се очекува пауза од седум до десет дена.
Селекторот Де ла Фуенте откри дека веста тешко му паднала на младиот фудбалер.
„Ламин е разочаран. Тој е омилен меѓу соиграчите и секогаш целосно посветен на репрезентацијата“, изјави селекторот. Си замина навистина тажен, бидејќи со нетрпение ги очекуваше овие натпревари. Сака да има блескава сезона со Барселона, а негова се и настапите на Финалисима и Светското првенство. Тој најмногу страда поради ова. Секогаш сака да биде тука. Замина тажен и разочаран, и секој што тврди спротивното, лаже или има лоши намери“, додаде Де ла Фуенте.