Јамал: Сега ние сме главен фаворит за освојување на Лигата на шампионите

by riste
1 минути читање

Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал вели дека сега тие се фаворити за освојување на Лигата на шампионите и не се плашат од никого.

Барселона игра во одлична форма во овој момент, па Ламин Јамал нескромно вели дека тие се главниот фаворит за освојување во Лигата на шампионите и покрај што во неа останаа и други силни тимови како Реал Мадрид, ПСЖ, Интер, Баерн, Арсенал…

Каталонците во четвртфиналето играат против ПСЖ, но според изјавата, Јамал веќе смета дека ги поминале.

„Ние сме фаворити за освојување на Лигата на шампионите сега откако Ливерпул е надвор од натпреварувањето“, вели Јамал.

„Не се плашиме од ниту еден тим, ние сме семејство и не сме истиот тим од пред една година кога игравме со ПСЖ“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани